Планинар паднал во провалија и завршил со тешки повреди на главата. Го извлекла единица „Tигри“ и со хеликоптер веднаш бил пренесен во Градската болница „8 Септември”, каде лекарите констатирале смрт.
Несреќата се случила на тешко пристапен терен на територијата на Општина Маврово Ростуше.
-Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од „САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ „8 Септември” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК.