По Бојан Миовски и Давор Здравковски уште еден наш фудбалер ќе игра во Шкотска, откако Кристијан Трапановски потпиша за Данди Јунајтед.
Данди Јунајтед се враќа во елитната конкуренција и битолчанецот е едно од засилувања кои ги донесе менаџерот Џим Гудвин, човекот кој го доведе Миовски во Абердин.
24-годишниот фудбалер во Данди оди од Шкупи и потпиша двегодишен договор со опција за уште една година.
„Среќен сум, ова е огромна шанса за мене. Денеска тренирав со првиот тим и моите соиграчи и стручниот штаб беа фантастични со мене. Фудбалот се игра за фановите и мислам дека ќе уживам во поддршката во Шкотска. Слушнав многу добри работи за навивачите на Данди и не можам да го дочекам првото Данди дерби“, изјави Трапановски.