Килијан Мбапе во вчерашниот натпревар против Австрија доживеа тешка повреда во која заработи скршеница на носот.
Во завршницата од натпреварот Мбапе доби удар поради кој мораше да интервенира лекарската екипа.
Навивачите на Франција беа загрижени за неговата состојба, но за нивна среќа Мбапе ќе го продолжи шампионатот, меѓутоа ќе мора да игра со маска.
Во таква ситуација тој одлучи да се пошегува на своја сметка.
„Имате ли идеја за маска?“, објави Мбапе на социјалните мрежи, па доби разни одговори од фановите.
Следен противник на Франција на Европското првенство ќе биде Холанија против која ќе играат во петок од 21:00 часот.