ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Почина 26- годишниот голман на репрезентацијата на Црна Гора

Почина 26- годишниот голман на репрезентацијата на Црна Гора

404

Матија Шаркиќ (26), голман на англискиот второлигаш Милвол и на репрезентацијата на Црна Гора, почина рано утрово во стан во Будва.

На Шаркиќ таму околу 6:30 му се слошило, а пријателите веднаш повикале брза помош. За жал, лекарите не успеале да го спасат.

Шаркиќ пред десетина дена ги воодушеви навивачите на Црна Гора со своите одбрани на натпреварот против Белгија, што беше негов деветти настап за репрезентацијата. Затоа селекторот Роберт Просинечки го планираше за прв голман на репрезентацијата, но се случи трагедија.

Шаркиќ е роден во Англија затоа што татко му бил амбасадор на Црна Гора во таа земја, како и во Белгија, а целата кариера освен почетокот во Андерлехт ја поминал во англиските клубови: Астон Вила, Вулверхемптон, кои го испратиле на бројни позајмици, а минатата сезона во Милвол. Таму беше прв голман, а навивачите на култниот лондонски клуб беа шокирани од веста од Црна Гора.

“Утрово нѐ разбуди страшна вест. Нашиот голман Матија Шаркиќ почина на млада возраст од 26 години. Оваа вест има погубно влијание врз неговите пријатели, семејството и сите поврзани со Милвол. Еднаш лав, секогаш лав”, напишаа на X.