Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди областа кај Родос, 20 километри јужно од градот Лардос, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.
Земјотресот се случил на длабочина од 67 километри, а бил почувствуван и во Турција.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.