Екипата на Вардарски од Богданци обезбеди место во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) преку баражот и почна да се екипира за новата сезона која е голем предизвик за сите во клубот.
За нов претседател на клубот е назначен Бојан Каракамишев, додека за секретар именуван е Славе Танов. Се разговара со повеќе играчи и потенцијални засилувања кои ќе го понесат товарот на настапот во ВМФЛ.
За нов член на стручниот штаб е именуван Васе Беќаров кој доаѓа од редовите на струмичка Беласица. Се работи за тренер кој ја поседува највисоката лиценца во светскиот фудбал според ФИФА/УЕФА стандарди ПРО лиценца.
Беќаров е тренер со долгогодишно искуство, а зад своето тренерско резиме може да се пофали со работа како селектор на У-17 репрезентацијата на Македонија, селектор на аматерската репрезентација на Македонија и секако шеф на стручниот штаб на гевгелиски Кожуф цели шест години, што во денешниот македонски фудбал е вистинска реткост.