ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пронајдено 5-годишното девојче кое се оддалечило во паркот во Сарај

Пронајдено 5-годишното девојче кое се оддалечило во паркот во Сарај

134

Пронајдено е 5-годишното девојче кое доцна попладнето исчезна во паркот во Сарај.

Детето, чие оддалечување од местото било пријавено нешто по 16 часот од нејзин роднина, било пронајдено по околу два часа во близина на трговскиот центар Сарај, инфомираат од МВР.

Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли.