Од печатница до 80 општинските изборни комисии се дистрибуираат гласачките ливчиња за претседателските избори. Дистрибуцијата стартуваше од Битола, а во текот на денот ќе се врши на 17 определени рути. Со строги протоколи во присуство на претседателот и членовите на ДИК се предава доверливиот материјал.
Од утре ќе се доставуваат и уредите за биометриска идентификација. Од ДИК велат дека сите апарати се проверени.
Отпечатени се вкупно 1 814 000 ливчиња за овие избори, онолку колку што се евидентирани гласачи во изборниот список.
Само за дистрибуција на материјалот за гласање, од печатница до сите ОИК и МНР, државата ќе ја чини 8 милиони денари. Овој договор ДИК го склучил со Колпортер ДОО Скопје, а тие биле задолжени со банкарска гаранција во висина од 10 отсто од вредноста на договорот.