Лидерот на партијата „Демократско движење“ која е дел од коалицијата „ВРЕДИ“, Изет Меџити во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека ДУИ во последно време создавала само непријатели, па со тоа победата на кандидатот за претседател, Арбен Таравари е неоспорна.
„Ако го следите ДУИ, во последно време создаваше и создава само непријатели, дали со албанските партии, дали со ВМРО ДПМНЕ, дали со меѓународната заедница поради индивидуите кои се на црни листи, со медиумите исто така. Земајќи го сето ова во предвид мислам дека победата на нашиот кандидат за претседател ќе биде неспорна“, рече Меџити.