ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Сефери: Поставив рекорд со Македонија, ме сакаа по секоја цена, но кога...

Сефери: Поставив рекорд со Македонија, ме сакаа по секоја цена, но кога Албанија ме повика не размислував два пати

243

Таулант Сефери несомнено е еден од најважните играчи на албанската фудбалска репрезентација. Напаѓачот во интервју за „Подкаст со Бујар Османи“ го раскажа моментот кога ја добил поканата да ја претставува Албанија.

Меѓу другото, тој откри дека има играно со сите македонски возрасни селекции, а во А селекцијата постави и рекорд, како најмлад играч кој настапувал во репрезентацијата. Сите го сакаа, но сон и желба на Сефер отсекогаш биле да ја претставува Албанија.

Токму Албан Буши го оствари сонот на репрезентативниот напаѓач, кој не размислуваше два пати да каже „ДА“ на поканата на селекторот на репрезентацијата до 21 година.

„Во Македонија ги поминав сите возрасни селекции до А тимот. Таму постигнав и рекорд и сите ме сакаа по секоја цена. Но, моја желба и сон отсекогаш бил црвено-црниот дрес и многу сум горд на овој избор што го направив. Сакам да му се заблагодарам на Албан Буш кој ја презеде иницијативата, ми се јави на телефон, ми испрати покана за Албанската репрезентација и ми го оствари сонот.

Моментот кога ми се јави јас бев во автомобилот и патував со мојот менаџер и без два пати размислување кажав „ДА“ веднаш“, изјави 27-годишниот.