ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

145

Црковниот одбор при храмот Свети Атанасиј во тетовската полиција пријавиле сквернање на овој верски објект заради тоа што е поставено знаме на Албанија. Настанот бил пријавен попладнево околу 17.40 часот во СВР Тетово.

-Пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата „Свети Атанасиј” на тетовското Кале поставиле албанско знаме, а на бандера на влезот во Калето било истакнато знаме на УЧК. Веднаш по пријавувањето на местото е испратена екипа од СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од полицијата истакнуваат и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.