Францускиот претседател Емануел Макрон ги коментираше заканите на рускиот претседател Владимир Путин за подготвеноста на Русија за нуклеарна војна.
Во таа прилика Макрон рече дека Франција е нуклеарна сила и дека е несоодветно да се упатуваат такви закани кога „имате нуклеарно оружје“.
– Прво и основно мора да се чувствуваме заштитени, бидејќи сме нуклеарна сила. Подготвени сме, имаме доктрина за употреба на нуклеарно оружје – изјави Макрон за телевизиските канали TF1 и France 2.
Потсетиме дека Путин претходно изјави дека Русија е технички подготвена за нуклеарна војна и дека ако САД испратат војници во Украина, тоа ќе се смета за ескалација на војната.