ПОЧЕТНА СПОРТ Далас успеа да го победи Голден Стејт, ама Дончиќ се ПОВРЕДИ

Далас успеа да го победи Голден Стејт, ама Дончиќ се ПОВРЕДИ

38

Далас успеа да слави над Голден Стејт со 109-99 и да ја забележи четвртата победа во низа во НБА-лигата, но тренерот Џејсон Кид има причина за загриженост откако Лука Дончиќ заработи незгодна повреда на мускулот и не можеше да го заврши синоќешниот дуел. Дончиќ имаше седум трипл-дабл натпревари во низа во пресрет на овој дуел, но од самиот почеток се мачеше со повредата, за на крајот заедно со тренерот Кид да одлучат тој да седне на клупата и да не ризикува влошување на состојбата.

Дончиќ до моментот на замената имаше 21 поен и девет асистенции, а лидерската улога во негово отсуство ја презеде Кајри Ирвинг реализирајќи 23 поени, 8 скока и 10 асистенции.

Шампионот Денвер триумфираше на гостински терен против Мајами со 88-100, без оглед на послабото издание на Никола Јокиќ. Српскиот центар имаше дабл-дабл од 12 поени и 14 скокови, па лидерската улога ја презедоа Портер со 25 и Гордон со 15 поени, за искачување на Денвер на првото место во Западната конференција.

Шарлот како гостин славеше во Мемфис со 98-110, уште еден меч во кој блескаше Василије Мициќ, реализирајќи 25 поени и осум асистенции во новиот триумф на својот тим.

Сакраменто ја доби битката со ЛА Лејкерс славејќи со 120-107, откако „кралевите“ ја добија третата четвртина со 28-17, резултатски се одлепија и не дозволија гостите од Лос Анџелес да им ги замрсат сметките во последните 12 минути. Барнс со 23 и Фокс со 21 поен беа најефикасни во победничкиот тим, а Сабонис оствари трипл-дабл од 17 поени, 19 скокови и 10 асистенции.