ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Модерен спортски центар на местото на старото игралиште

Модерен спортски центар на местото на старото игралиште

185

Модерен спортски центар во наредните шест месеци ќе никне на местото на старото спортско игралиште во Реонски Центар – Аеродром. Предвидено е спортското игралиште да добие нова повеќе слојна подлога погодна за терен со вештачка трева.

– Ќе бидат санирани металната конструкција, трибините и заштитната мрежа. Дополнително, ќе бидат поставени клупи за резервни играчи со кабини од плексиглас, а целосно ќе бидат реконструирани соблекувалните – изјави градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Проектот вреден 23 милиони денари се реализира како дел од јавно – приватно партнерство меѓу Општина Аеродром и приватна фирма.

– Станува збор за соработка која ќе резултира со репрезентативен спортски објект наоправен по сите стандарди каде ќе можат да се одржуваат спортски натпревари – нагласи Муцунски.