ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Ѓоковиќ загуби сет, но ја помина првата пречка на Индијан Велс

Ѓоковиќ загуби сет, но ја помина првата пречка на Индијан Велс

84

Новак Ѓоковиќ мораше да игра три сета, но го победи првиот противник на Индијан Велс и продолжува со настапот на Мастерсот на кој важи за прв фаворит.

Српскиот тенисер за противник го имаше Александар Вукиќ, првиот сет мина според очекуваното и Ѓоковиќ го доби со убедливи 6:2, но австралискиот ривал покажа заби во продолжението.

Поведе со 3:0, потоа дозволи Ѓоковиќ да дојде до израмнување, а клучната разлика во сетот ја направи во дванасеттиот гејм за 7:5 и израмнување.

Ѓоковиќ сепак не дозволи целосно изненадување, во третиот сет направи брејк во петтиот гејм, а потоа ја потврди победата во деветтиот гејм за конечни 6:3.

Следен противник на Ноле ќе му биде Италијанецот Лука Нарди.