Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).
Во Скопје променливо облачно, претпладне со кратки сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува.