ПОЧЕТНА СВЕТ Кралот Чарлс има рак, од денеска е на лекување

Кралот Чарлс има рак, од денеска е на лекување

236

На британскиот крал Чарлс му е дијагностициран рак, објави Бакингамската палата, пренесе Гардијан. Не станува збор за рак на простата, но болеста била откриена при неодамнешното лекување на проширена простата. Палатата не кажа за каков тип на рак станува збор, освен дека денеска почнал со „нормално лекување“.

„Кралот останува целосно позитивен околу лекувањето и едвај чека да се врати на своите јавни должности што е можно поскоро“, објави Бакингамската палата.

Тој ќе ги откаже своите јавни ангажмани и се очекува други членови на кралското семејство да го менуваат за време на лекувањето. Други детали за ракот и за прогнозите не се објавени. Иако привремено нема да ги врши своите јавни должности, тој ќе продолжи со улогата на шеф на државата, вклучувајќи папирологија и приватни средби.

Чарлс (75) беше подложен на процедура за проширена простата во приватна лондонска болница пред повеќе од една недела. Од палатата тогаш кажаа дека тој решил да излезе во јавност за своите здравствени проблеми со цел да охрабри други мажи да се проверат.