И за ова ли не знае министерката за одбрана Славјанка Петровска, прашува пратеникот Драган Ковачки, откривајќи нов скандал во Министерството и Армијата на Македонија.
Во Министерството за одбрана имаме најнов изум на кој никој во институцијата се немаше сетено. Барем досега.
Имено, политичкиот габарит Славјанка Петровска која си се испофали дека веќе инвестирала и ќе инвестира во човечки ресурси, има “иновативен” пристап во инвестирањето.
Еве ја најновата иновација и “инвестиција” во човечки ресурси на Петровска:
За да бидат примени како професионални војници, Албанци биле принудени да се пишуваат дека се Македонци. На тој начин им ги земале местата на кандидатите кои биле Македонци (?)!!
Овде има партиска математика и истата е пред се’ поради партиските договарања и обидите на распаднатите од СДС да им се додворат на зелените од ДУИ за да на изборите одат со заеднички листи.
Славјанка Петровска треба да знае дека одбраната на државата не трпи импровизации и изигрување на законите. За да го спаси трајно неспособниот Ковачевски од дебакл, не смее да им удоволува на своите газди од ДУИ и да си игра со полнење на армијата со кадри на кои утре ќе им ја довери одбраната на државата, а кои со лажна етничка припадност биле примени на работа во МО.
Славјанка Петровска е директно одговорна за ова изигрување на законите и партиските пазарења во кои СДС повторно е искористен еднократно од страна на газдите од ДУИ.
Се поставува прашањето дали Славјанка Петровска повторно потпишала нешто за кое не знаела, или да се изразам во нејзин стил – знаела ама не била информирана?, прашува Ковачки.
Бонус видео – еве зошто не треба да го користиме мобилниот телефон додека се полни