Приврзаниците на коалицијата „Србија против насилство“ (СПН), вечерва направија обрач околу зградата на градското собрание на Белград и се обидоа да упаднат во самата зграда. Имаше туркање пред влезот, а искршено е стаклото од влезната врата.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ имаше јавно обраќање по вечерашниот обид нa oпозицијата за влез во Градското собрание на Белград.
„Не грижете се, граѓани на Србија, иако сцените се драматични. Затоа што ја сакаме нашата земја и град, не сме навикнати некој да ни ги крши прозорците и да ни ја руши куќата. Не грижете се, бидејќи не е во тек никаква револуција, ништо од тоа нема да им успее. Да се обидеме да употребиме блага и мирна реакција за да не повредиме ниту еден од случајните демонстранти“, рече Вучиќ.
Според него, на вечерашниот собир за кој смета дека бил помпезно најавен, се собрале 2 490 лица, додека 1 090 се обиделе да упаднат во зградата.
„Го покажаа правото лице. Со денови укажувавме дека се подготвени на тоа, бидејќи знаат дека народот не сака да ги гласа и никогаш нема да ја добијат довербата на народот. Со денови го предупредувавме и странскиот фактор, а многумина се правеа наивни“, вели Вучиќ.
Приврзаниците на коалицијата „Србија против насилство“ (СПН), вечерва направија обрач околу зградата на градското собрание на Белград и се обидоа да упаднат во самата зграда. Имаше туркање пред влезот, а искршено е стаклото од влезната врата.
Вечерва се одржува шестиот протест поради, како што тврдат демонстрантите, изборната кражба.
Бонус видео: Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни