ПОЧЕТНА СВЕТ ХОРОР каков што ретко се памети: Убиени 11 студенти, 30 се ранети...

ХОРОР каков што ретко се памети: Убиени 11 студенти, 30 се ранети – Дали меѓу нив има и Македонци: Одговара МНР

115

Нешто пред 16 часот се случи масакр на Филозофскиот факултет во центарот на Прага.

Најмалку 11 лица загинаа меѓу кои и напаѓачот, а најмалку 30 се ранети.

Во престрелката на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во центарот на Прага има мртви и ранети, соопшти полицијата. Според првичните информации десет лица загинале, а 30 се ранети.

Лицето кое отворило оган се вика Давид Козак. Козак отворил оган од четвртиот кат од зградата на Филозофскиот факултет.

Некои студенти за да се спасат излегле низ прозорците, во таа прилика една девојка паднала и починала.

Козак е ликвидиран.

Полицијата го блокираше плоштадот Јан Палаха и околината. Сообраќајот е запрен. Полицијата преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да не се приближуваат до местото на несреќата. Напаѓачот е убиен набрзо откако на терен пристигнале бројни полициски сили. Според достапните информации тој пукал од пушка со оптика.

Целиот плоштад Јан Палах и неговата околина се целосно блокирани, соопшти полицијата. Целосно е затворен и Карловиот мост. Токму од тој, најпознатиот прашки мост, стигна снимка од луѓе кои панично бегаат. Се чини дека се слушаат и истрели.

МНР во кратка изјава посочи дека немаат официјални информации дали таму во моментот се наоѓал и некој македонски студенти и најавија изјава во текот на денот.