ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Што треба да се случи, Игор да добие лек: ПЛУКА КРВ –...

Што треба да се случи, Игор да добие лек: ПЛУКА КРВ – итно му е потребен лекот кој утринава пристигна во Македонија

112

Надлежните уверуваат дека лек ќе има за сите и дека бројката на третирани постепено ќе се зголемува, односно ќе има вклучување на нови седум пациенти на секои десет дена. Уште 55 лица се ставени на чекање, а за нив ќе биде обезбедена доза во текот на 2024 година. Предвидени се 854 милиони денари за обезбедување на лекот со што би требало да бидат покриени сите пациенти за следните две години.

Игор Пехчевски од Берово кој боледува од цистична фиброза бара веднаш да му биде даден лекот трикафта, бидејќи, како што вели во изјава за Фокус, здравственатa состојба му е влошена. Тој во изминатиот период повеќе пати апелираше да го добие лекот.

Утринава на ТВ 24 Пехчевски изјави:

– Мојата здравствена состојба е алармантна. Од утрово искашлувам крв. Апел до вас, известете ги докторите од Детска клиника лекот трикафта да ми биде даден веднаш за да не биде предоцна. Некој во оваа држава свесно ме убива.

Трикафтата пристигна во Македонија, но во првичната набавка лекот ќе им биде достапен само на 12 пациенти за потоа постепено да бидат опфатени сите. Планот на Министертвото за здравство е да се третираат по седум нови пациенти на секои 10 дена, со обезбедени 102 дозажни форми за следните месеци, а обезбедени се 854 милиони денари за да се покријат сите пациенти за следните 2024 и 2025 година, беше соопштено денеска на прес-конференција во Владата.

Списокот на пациенти бил направен од Стручна комисија по направени медицински предгледи, а според бодирање.

Уште 55 лица од првите 12 се ставени на чекање, а за нив ќе биде обезбедена доза во текот на 2024 година. Но, вкупно во Македонија околу 130 лица живеат со цистична фиброза, а тие пред точно една година побараа модуларна терапија.

Додека се чекаше лекот, во февруари годинава почина Благојче Илиевски кој боледуваше од цистична фиброза. Тој три години го чекаше лекот.