ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Почина некогашниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

Почина некогашниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

94

На 51 година ненадејно почина поранешниот македонски ракометен репрезентативец Александар Јовиќ, објави Ракометната федерација на Македонија.

Роден во Бијељина, БиХ, Јовиќ ја почнал ракометната кариера во Слобода од Тузла, а во Македонија дојде во почетокот на 1990-тите, кога направи трансфер во велешки Борец. Потоа беше дел од шампионската генерација на Преспа Јафа промет, по што доби македонско државјанство и стана репрезентативец.

Во продолжението на кариерата го носеше дресот на Апатин (Србија), Сплит (Хрватска), Вардар, Пелистер, Болоња (Италија) и Металург, а како тренер ја освои шампионската титула со Еурофарм Пелистер и му беше помошник на Лино Червар во Металург.

Како едно од најдобрите леви крила во македонскиот ракомет, Јовиќ беше дел од првите настапи на машката ракометна репрезентација на големите натпреварувања, играјќи на Европското првенство 1998 во Италија и на Светското првенство 1999 во Египет.