ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МВР потврди: Исчезнатата Лидија Трајковска е жената чие тело е пронајдено во...

МВР потврди: Исчезнатата Лидија Трајковска е жената чие тело е пронајдено во Вардар

164

Обдукцијата на телото на жената пронајдено во четвртокот во водите на Вардар покажа дека станува збор за исчезнатата Лидија Трајковска (43) од скопското село Јурумлери, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Трајковска беше пријавена за исчезната на 8 ноември, лани.

Од МВР, на 9 јануари, годинава, соопштија дека во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.

Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.