ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Маските се запалија, заврши Вевчанскиот карневал

Маските се запалија, заврши Вевчанскиот карневал

16

Со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, денеска заврши Вевчанскиот карневал 2025.

Поранешните министри од ДУИ, Груби, Бесими и Шаќири, како играат фудбал во кабинетот на Груби, како и потрагата по Груби, кој е во бегство, беа најинтересните маски, помеѓу стотината, кои годинава предизвикаа најголемо внимание на Вевчанскиот карневал. Вевчанци и годинава ја покажаа својата смисла за хумор, исмејувајќи ги општествените и политички случувања минатата година, а на удар секогаш се и носителите на јавни и политички функции.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години. Задолжителни елементи на карневалот се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупави Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.