ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Штрајк на вработените во државното правобранителство

Штрајк на вработените во државното правобранителство

59

Штрајк на вработените во државното правобранителство. Сите 120 вработени во државата од денека не ги исполнуваат своите работни задачи. Имаат 3 барања – додаток на плата од 30%, потпишување Колективни договори и нов Закон за државна правна служба, бидејќи се уште работат по законот за административни службеници.

Зголемувањето би значело по 100 до 150 евра плус по вработен, или годишно државата би ја чинело околу 220 илјади евра

Тоа не е голема сума и не би требало да биде проблем за државата. Проблем ќе настане ако не го добијат додатокот на плата, затоа што нема да се решаваат експрропријациите за државното земјиште. Тоа значи дека целосно ќе запре работата на Бехтел и Енка и во тој случај државата ќе плаќа пенали од 1 милион евра, изјави Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ

Од министерството за финансии веќе добиле негативен одговор за покачувањето. Но следната недела ќе имаат уште еден состанок со министерката и ако повторно одговорот е негативен, најавуваат голем протест на кој ќе им се приклучат и остантите вработени во државните институции кои не добија покачување

-На штрајкот ќе ни се приклучат и вработените во статистика, правда, економија, животна средина, админситрација, додава Деаноски

Од Владата велат дека штрајкот е незаконски, бидејќи не е организиран согласно законот за работни односи и колективните договори. Штрајкот не е најавен, нема спроведена постапка за помирување која е задолжителна и не се определени нужни работи кои мора да се вршат. Бидејќи ниту еден од постоечките законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и отвора сомнеж за политичка позадина на истиот, а последиците од учество во незаконит штрајк за жал ќе ги трпат вработените., се наведува во владиното соопштение.