Валенсија синоќа го победи Елденсе во 1/16 финалето од Купот на Шпанија со 2:0.
На натпреварот одигран на стадионот „Нуево Пепико Амат“ во Елда голот на гостите успешно го сочува македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Прво Серхи Канос го отвори резултатот, а потоа Диего Лопез го удвои водството на гостите.
Противникот на Валенсија за 1/8 финалето ќе биде одреден по ждрепката.