ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Земјотрес со јачина од 2,8 степени регистриран ноќеска во Скопје

Земјотрес со јачина од 2,8 степени регистриран ноќеска во Скопје

84

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во близина на Скопје, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот се случил во 23:12 часот, а епицентарот бил на 24 километри северозападно од Скопје.

Оттаму велат дека земјотресот бил почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на земјата со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е регистриран и од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Според нивните податоци, епицентарот бил на 70 километри североисточно од Елбасан во Република Албанија и на 17 километри исток-североисточно од Центар Жупа во Северна Македонија.

Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од пет километри.