Секторот за внатрешни работи Тетово ја известува јавноста дека сообраќајот во Маврово е нормализиран и се одвива без проблеми. Согласно годишниот план за постапување во зимски услови, на подрачјето на Маврово е воведен кружен тек на движење на возилата за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Но, поради непочитување на правилата и препораките, во текот на вчерашниот ден настанаа проблеми во одвивањето на сообраќајот.
За да се надминат проблемите и да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во Маврово, ОВР Гостивар дополнително ангажираше дваесетина полициски службеници од другите полициски одделенија за да со физичко регулирање на сообраќајот се надминат проблемите, што беше и направено.
-СВР Тетово апелира до граѓаните, да ги почитуваат сите правила и прописи во сообраќајот, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници во врска со поставениот сообраќаен режим и да се движат согласно предвидените правила, да не тргнуваат во правец на Маврово и Попова Шапка со летни гуми и без соодветна зимска опрема, затоа што на тој начин го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Апелираме до возачите да придонесеме сите заедно за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, велат од СВР Тетово.