ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сиљановска со вето: Нема да има двојазични лиценци во градинките, законот се...

Сиљановска со вето: Нема да има двојазични лиценци во градинките, законот се враќа во Собранието

193

Законот за заштита на децата се враќа во Собранието, откако доби вето од претседателката Гордана Силљановска Давкова. Таа одби да ги потпише законските измени, со кои беа предвидени двојазични лиценци за вработените во градиниките. Во своето образложение вели дека одредени делови од истиот се спорни и треба да се преиспитаат. Од Владата кажаа дека согласно укажаното од Сиљановска Давкова, спорните делови од законот ќе бидат променети.

-Како Влада информираме дека Законот ќе се доработи и истиот ќе се најде пред пратениците согласно законодавните процедури, се вели во одговорот од Владата, велат од Владата.

Во образложението Сиљановска Давкова изразува надеж дека Собранието ќе ги прифати нејзините сугестии и ќе ги измени спорните членови од овој закон.

-Верувам дека Собранието како носител на законодавната власт ќе ги има предвид моите забелешки и укажувања при повторното разгледување на одредбите од членот 9 и членот 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, што го донесе на 24 декември 2024 година и ќе креира јасни, прецизни и недвосмислени решенија во согласност со Уставот, се вели во образложението на Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова одби да го потпише указот за овој закон, со кој се предвидува покрај македонскиот, во лиценците да стои и законот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните. Силјановска во своето објаснување вели дека дека спорните членови 9 и 10 од овој закон треба да се преиспитаат низ призна на аманданот пет од Уставот и постоечкиот закон за употреба на јазиците.

-Лиценцата за работа е јавна исправа и се издава во два примерока, од кои едниот примерок е за подносителот на барањето, а другиот примерок останува во министерството. Лиценцата за работа се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо”, се вели во законските измени.

Со измените кои добија вето од Сиљановска Давкова се предвидуваше и полагањето за лиценците да бидат на два јазика, односно покрај на македонски, да бидат и на албански.

-Првиот дел од испитот од ставот (1) на овој член се полага по електронски пат, на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо, со одговарање на определен број прашања со решавање на електронски тест на компјутер, се вели во законските измени.

Од опозициската СДСМ изразија задоволство што претседателката ставила вето на овој закон, велејќи дека истиот отворал можности за злоупотреби, партизација и сомнителни доделувања на лиценци по партиски клуч.

-Спорно е што овој сегмент е регулиран со друг закон кој ја уредува употребата на јазиците, но и Уставот на државата. Со предложените измени на законот, власта ги враќа процесите назад, велат од СДСМ.

Од ДУИ решија повторно да удрат со национализам. Велат ова не било удар само кон албанскиот јазик, туку кон сите Албанци.

-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка на ВЛЕН, покажува дека нема никаков интерес за соживот, туку следи реваншистичка, антиалбанска и опасна агенда, велат од ДУИ.

Вицепремиерот Александар Николоски, кажа дека тие како Влада и партија го почитуваат ставот на претседателката и дека тоа е нејзина работа, да ја контролира законодавната власт и усогласеноста на законите со Уставот.

Според Законот за Собранието, ако шефот на државата одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, законодавниот дом повторно го разгледува во рок од 30 дена од денот на неговото донесување. Ако при повторното разгледување законот повторно биде изгласан со најмалку 61 глас, независно дали притоа ќе ги земе предвид укажувањата на Сиљановска-Давкова, претседателката е должна да го потпише указот за негово прогласување.