Судскиот совет за в петок, 3 јануари, најави избор на нов претседател.
Изборот на нов претседател на Советот доаѓа на точно еден месец откако Весна Дамева на 2 декември поднесе оставка од оваа функција. Во образложението на оставката, Дамева наведе дека во последниот период од страна на одредени политичари се правеле обиди да се наруши нејзиниот личен интегритет.
Во оваа смисла, таа директно ги посочи премиерот Христијан Мицкоски и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Претходно денеска, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на новинарски прашања во врска со најавеното разрешување на членови на Судскиот совет, за што тој рече дека не би се согласил оти начинот на којшто треба да се побара одоговрност од членовите на Советот е противуставен и незаконски, како што тврдат одредени експерти.