ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Вардар го ослободи летното засилување кое не ги оправда очекувањата во Скопје

Вардар го ослободи летното засилување кое не ги оправда очекувањата во Скопје

221

Вардар е убедливо најактивен на транфер пазарот и во краток временски интервал придодаде пет нови играчи во првиот тим, но сега дојде ред да почне и со ослободување на фудбалерите на кои не смета стручниот штаб.

Најтрофејниот македонски клуб оваа вечер излезе со прва информација за отказно решение, а до истото дошло по спогодбен договор со Сеук Гун Ким.

Кореецот пристигна во Скопје пред само шест месеци, но по шест симобилни настапи во дресот на Вардар, сега фудаблскиот пат ќе го продолжи на друго место.

Ким не успеа да се наметне и не беше во комбинација за настап во финишот од есенскиот дел од сезоната, па можеше да се претпостави дека ќе биде ослободен уште пред крајот на 2024-та година.

Кореецот е првиот играч кој си заминува од Вардар, а за очекување е да следат уште неколку отказни решенија, со оглед на тоа што клубот веќе ги донесе Мите Цикарски, Михал Пинтер, Георгије Јанкулов, Михаил Маневски и Димитар Тодоровски.