ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Зимскиот одмор се претвори во трагедија: Татко и син загинаа на скијање

Зимскиот одмор се претвори во трагедија: Татко и син загинаа на скијање

2302

Драматична ситуација се случи на австриските Алпи, во Цилертал, кога татко и 22-годишен син трагично ги загубија животите на скијање.

Таткото (51) бил на зимски одмор во Австрија со двата сина на возраст од 19 и 22 години и нивниот пријател (19). Групата се спуштала од врвот на околу 2.576 метри околу 12 часот кога биле затрупани од снежна лавина.

Пријателот и помалиот брат некако успеале да ја избегнат оваа елементарна непогода, додека таткото и постариот син биле затрупани. Подоцна било откриено дека тие починале.

Очевидец, кој случајно се нашол во близина, веднаш повикал брза помош. Полицијата и спасувачките хеликоптери, како и планинските спасувачи од Мајрхофен, Тукс и Зел ам Цилер патролирале во областа со кучиња трагачи.

„Првично не можеа да воспостават сигнал за потрага по жртви под лавината“, соопштија од контролниот центар, пренесува Билд.

По еден час потрага спасувачите го откриле телото на синот на длабочина од два метри. Малку подоцна, на околу 20 минути, спасувачите го нашле таткото затрупан под три метри снег. Мерките за реанимација биле неуспешни.

Во Цилертал на Алпите, по снежните врнежи во последните неколку дена, нивото на предупредување за лавина е 3, на височина од 2.200 метри. Во областа каде што се нашла групата можни се спонтани лавини што ја прави ситуацијата доста непредвидлива.