ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР „Секирите закопани“: Ристовски најави кам-бек со Адеми во националниот тим?

„Секирите закопани“: Ристовски најави кам-бек со Адеми во националниот тим?

192

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, со објава на својот инстаграм профил ги подгреа надежите на јавноста дека наскоро би можел да се врати во националниот тим, и тоа заедно со неговиот колега од Динамо Загреб, Аријан Адеми.

Адеми се збогуваше со македонскиот дрес минатата година, додека Ристовски реши да не настапува поради конфликт со селекторот Благоја Милевски, но веројатно новата владејачка гарнитура во Фудбалската федерација се обидела да ги смири страстите и наскоро двајцата би можеле повторно да бидат дел од „рисовите“.

Македонија одигра одличен циклус во Лигата на нации и ќе се подготвува за квалифкациите за Светското првенство, каде добивме интересна група во која можеме да се надигруваме, а со присуството на Ристовски и Адеми сигурно ќе добиеме поголем квалитет на нивните позиции и ќе бидат од голема корист во тешките предизвици што следуваат.

Бекот отсекогаш важеше за играч кој не се штеди на теренот и го дава својот максимум, додека Адеми е неприкосновен борец на средината на теренот и неговиот квалитет го докажа во многу наврати. Ристовски за Македонија досега одигра 83 натпревари, а Адеми запиша 33 настапи за нашиот национален тим.