Во вторникот во Македонија ќе преовладува облачно и студено време со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а на планините и во повисоките места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните југоисточни делови (над 25 l/m2). На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен (над 60 km/h), а во текот на ноќта од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Попладне во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер од југоисточен, а во текот на ноќта од северен правец. Температурата ќе достигне до 5 степени.