ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Инспектори од АХВ со вонредни контроли, откриени новогодишни пакетчиња со изминат рок

Инспектори од АХВ со вонредни контроли, откриени новогодишни пакетчиња со изминат рок

133

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори.

Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што наредено е повлекување на истите од промет.

Извршен е преглед на содржината на 62 новогодишни пакетчиња. Кај 2 пакетчиња најдени се производи со изминат рок, како и со краток рок на траење до 12.2024 година. Констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.

На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување. За констатираните неправилности, издадени се решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави.