ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Димитријевиќ двоцифрен, Олимпија Милано ја прекина лошата серија во Италија

Димитријевиќ двоцифрен, Олимпија Милано ја прекина лошата серија во Италија

19

Олимпија Милано стави крај на губитничката серија во последно време, па така по три неуспеси во низа, конечно победи во домашното првенство.

Тимот на искусниот тренер Месина ја надмина границата од 100 поени и успеа да слави над Трапани со резултат 105:90, натпревар на кој како клучна се покажа третата четвртина.

Домаќините го добија овој период со 31:16 и практично го решија прашањето околу победникот, па така во последните десет минут само ја одржуваа предноста.

Ненад Димитријевиќ не беше во стартната петорка на Месина, но доби 21 минута на паркетот и мечот го заврши со 10 поени, 3 скокови и 5 асистенции.

Убедливо најефикасен во победничкиот тим беше Миротиќ со 29 поени, а седум помалку постигна Шилдс.