ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење

Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење

5

Добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од „Водовод и канализација“

Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење, соопшти надлежното јавно претпријатие откако вчера се изврши сериозен зафат за санација на водоводната мрежа во главниот град.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи“, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација, Скопје.

Градоначалничката Данела Арсовска им се збалагодари на сите што учествуваа во отстранување на дефектот.

-Голема благодарност до 160 стручни вработени лица на ЈП „Водовод и канализација“ меѓу кои ВКВ водоинсталатери, инженери, оператори и возачи на специјални возила, автомеханичари, ВКВ машинобравари, ВКВ механичари, ВКВ електричари, работници за дијагностика на дефекти и техничари кои ја завршија работата на терен и над 150 административни лица кои денес вложија максимални напори и труд, да им честитам за храброста и стручноста да го решат овој повеќедецениски проблем со загубите на вода и дефекти, кој го завршија во рекордно време, напиша Арсовска на својот официјален фејсбук профил.