ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА После Нова година парите од унгарскиот кредит ќе легнат кај фирмите

После Нова година парите од унгарскиот кредит ќе легнат кај фирмите

163

Дали се потпишаа договорите со банките за унгарските пари за стопанството и кога македонските фирми конечно ќе можат да аплицираат за овие пари? Ова беше едно од новинарските прашањата до премиерот Христијан Мицкоски, а во врска со 250-те милиони евра кои земјава ги позајми од Унгарија, со намена да ги пренасочи како евтини кредити за бизнисот.

„Процесот е во финална фаза. Очекувам веќе после новогодишните празници банките да почнат, иако дел од банките и сега веќе ги промовираат, но веќе да почнат и активно да пренесуваат дел од средствата до компаните коишто ќе ги користат. За ваков тип на инвестиции исто може да се користат тие средства, нормално до границата којашто ја споменаме, до 10 милиони евра. Така што, можам да кажам дека веќе во месец јануари ќе можеме тоа да го постигнеме“, изјави Христијан Мицкоски, премеир на РСМ.