ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Попова Шапка има 32, Маврово 29 сантиметри снег, од утре нови врнежи...

Попова Шапка има 32, Маврово 29 сантиметри снег, од утре нови врнежи на повеќе места

24

Попова Шапка и Маврови Анови утрово се најстудените места во државата. На мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи и на двете места покажува -7 степени. Разликата е во снежната покривка. На Шапка се измерени 32 сантиметри, а на Маврови Анови 29 сантиметри. Пет сантиметри снежна покривка има и на Ѓурште.

Други места во земјава каде утрово се измерени минусни температури се:

Крушево -6,
Битола -5,
Крива Паланка,
Охрид,
Прилеп и Претор -4,
Велес и Берово -2,
Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица, Виница и Тетово -2,
Штип и Демир Капија -1.
Најтопло е во Гевгелија со 3 степени.

Последните 24 часа, од утре повеќе снег
Во изминатото деноноќие, до 7 часот утринава најмногу дожд има наврнато во:

Демир Капија 11 l/m2,
Кавадарци -9 l/m2,
Струмица -7 l/m2,
Берово -5 l/m2,
Прилеп -4 l/m2,
Велес, Битола и Виница -2 l/m2 и
Гевгелија, Маврови Анови и Пожаране по 1 l/m2.
Преку ден, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Максималната температура ќе достигне од 4 до 9 степени. Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево и тивко. Кон крајот на денот и во текот на ноќта значително облачно. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Од утре (понеделник), под влијание на циклонска активност и студен воздух од север, ќе започнат нови врнежи претежно од снег. Во делови од Повардарието од дожд, особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни. Ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка. Снег ќе има понекаде и во пониските места.