ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нова измама, граѓаните да не отвораат пораки испратени од Македонски пошти

Нова измама, граѓаните да не отвораат пораки испратени од Македонски пошти

81

Измамници се претставуваат како да се од Македонски пошти и испраќаат „СМС“ пораки со цел да измамат граѓани и извлечат финансиски средства.

Во овој фишинг напад, пораките содржат линкови кои водат до лажна веб-страница. На страницата, жртвите се наведуваат да внесат лични податоци и податоци од платежни картички.

Веб-страницата е несофистицирана, без проверка на внесените податоци, и е регистрирана неодамна, што укажува на брзината со која измамниците дејствуваат.

Овој напад е насочен исклучиво кон македонски корисници, бидејќи страницата ги препознава и дозволува пристап само за IP адреси од Македонија.

-Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не внесуваат лични податоци на непознати линкови. Ова е уште еден пример на обиди за измама, со цел да се нанесат финансиски загуби на невнимателните, велат од Македонски пошти.