ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Груби и Бајрами ќе се бараат со меѓународна потерница

Груби и Бајрами ќе се бараат со меѓународна потерница

52

ОЈО Скопје до полицијата ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами кои се надвор од државата.

-По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во “Државна лотарија”, кои се недостапни на органите на прогонот, Основното јавно обвинителство Скопје вечерва до Министерството за внатрешни работи ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница, соопштија од ОЈП-Скопје.

Инаку кривичниот суд го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор на двајцата осомничени во случајот со Државната лотарија, поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на Државна лотарија Прпарим Бајрами.

-Мерката ќе се спроведе во моментот кога осомничените ќе бидат достапни на органите на прогонот или доколку во меѓувреме самите се пријават во Судот, информираат од Кривичниот суд.

Судот одлуката ја донесе врз основа на предлогот на Обвинителството, кое оцени дека постои основан ризик од бегство на осомничените или од нивно влијание врз текот на истрагата.