Два земјотреса беа регистрирани синоќа во Македонија: еден во Малешевскиот крај, а другиот во Гевгелиско.
Земјотрес со јачина од 3,1 степени беше регистриран синоќа во 19 часот и 45 минути со епицентар во делчевско-беровскиот регион, на длабочина од 5 километри.
Според податоците кои ги сподели опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Малку подоцна, во 20 часот и 4 минути, земјотрес со јачина од 2,2 степена по Рихтер бешпе ртегистриран во регионот околу Гевгелија со епицентар 16 километри северозападно од градот и на длабочина од 5 километри.