Три земјотреси се почувствувани во земјава после полноќ, од кои најсилниот со јачина од 3,2 степени ја погоди околината на Гевгелија, информира Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Прв е почувствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени, со епицентар на 16 километри од Гевгелија, а го осетиле и жителите на Дојран. Неколку минути подоцна во истиот регион е почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Десетина минути подацна, земјотрес е почувствуван и на северниот дел од државата, со јачина од 2,5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница.
Него го почувствувале жителите на Скопје и околината.
Според пишувањата на граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ, потресот во Скопје траел кратко, придружен со звук.