ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА „Пајакот“ кренал 155 непрописно паркирани возила во Центар минатата недела

„Пајакот“ кренал 155 непрописно паркирани возила во Центар минатата недела

74

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.12. до 15.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од општината.

Нагласуваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.