ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Шокантни податоци: Кај едно од 10 починати деца причината е аерозагадувањето

Шокантни податоци: Кај едно од 10 починати деца причината е аерозагадувањето

252

Шокантни и повеќе од загрижувачки се податоците дека во Македонија годишно се губат стотици животи заради изложеност на загаден воздух. Стапките на смртни случаи и хоспитализации заради респираторни болести се повисоки од националниот просек.

“Во Македонија сега скоро излезе монструозен податок, од 10 деца што ќе ни починат,а се помали од една година, кај едно е причина аерозагадувањето.Мислам тоа е ужасен податок,така да навистина последиците врз здравјето на луѓето се огромни.Допрва ќе гледаме што значи ова аерозагадување кај наредните генерации”-вели д-р Ана Угринска,копретседател на ДОМ

Загаден воздух го задушува и езерскиот град. Податоците за квалитетот на воздухот кои ги објавува министерството за животна средина, покажуваат енормно загадување на нашата воздушна бања. Континуирано, во вечерните и раните утрински часови, измерените вредности покажуваат многу високо ниво на канцерогените ПМ 10 честички како и на уште поопасните ПМ2,5 честички.Синоќа Охрид беше меѓу трите најзагадени градови во државава.Не верував вели доктор Угринска дека некогаш ќе видам како Охрид е позагаден од Скопје.Загриженоста ја делат и охридиските активисти,ова е велат проблем кој се провлекува најмалку 2 децении.

Состојбата со воздухот во Охрид не е нова, таа датира многу одамна.Оние што се малку повозрасни се сеќаваат дека ова се случуваше и многу порано, а особено откако почна непланираната изградба на високите згради. Тие градби кои се проектораа и изградија во првите редови или најблиску до брегот на Охридското езеро го спречуваа она воздушно движење кое што доаѓаше од езерото кон градот” –велиТрајче Талевски,природонаучник

Причина за големата загаденост во Охрид е и депонијата Буково која го труе населението од охридско-преспанскиот регион.

”Сведок сум дека чувствувам, во градов и околината се чувствува смогот, се осеќа непријатни миризби”-вели Борис Стојаноски,Е.Д.“Грашница”

Неопходно е здружување на сите чинители,почнувајќи од граѓаните па се до политичките органи на локалната и централна власт ако сакаме да се справиме со предизвиците со кои соочува Охрид денес.Ова говори дека влијанието на аерозагадувањето кое е големо во Македонија,се однесува и на подрачја за кои мислевме дека се чисти и заштитени-велат нашите соговорници.