ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Македонија доби противници со кои може да се бори за пласман на...

Македонија доби противници со кои може да се бори за пласман на првите две места

210

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците за следниот циклус на квалификации за Светското првенство.

Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн се националните тимови со кои ќе се соочиме во претстојните дуели за настап на Мундијалот кој во 2026 ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Со сите четири репрезентации сме сретнале во изминативе три децении, а најдолги се паузите во дуелите со Белгија и Велс кои и ни се директни конкуренти во трката за мундијалски настап.

Против Белгија последен пат сме играле во 2013 и тоа во квалификации за Светскиот куп и на тој натпревар сме поразени со 1:0. Претходно во Скопје загубивме со 2:0, а имаме уште еден пораз во 1995 кога исто така на националната арена сме совладани со 5:0, а тогаш натпреварот се играше без публика.

Првиот натпревар сме го одиграле на 16 ноември 1996 во Брисел, резултатот беше 1:1, а стрелец на тој единствен гол против Белгијците е Зоран Бошковски.

Против Велс имаме два квалификациски дуели за пласман на Светскиот шампионат и тогаш бевме во иста група и со Белгија. Во Скопје имаме победа од 2:1, а како гости доживеавме пораз од 1:0.

Со Казахстан имаме само еден контролен натпревар одигран во 2021 како дел од подготовките за настап на Европското првенство и тогаш славевме со 4:0.

Од сите конкуренти најчесто сме се соочиле со Лихтенштајн. До сега сме одиграле 11 натпревари на кои сме забележале 10 победи, а токму против оваа селекција го имаме и рекордниот триумф од 11:1.

Единствениот нерешен резултат го имаме во 2002 кога во квалификациите за Европското првенство во Вадуз мечот заврши 1:1.