ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АХВ со контроли низ Скопје, Битола и Охрид – уништена е храна...

АХВ со контроли низ Скопје, Битола и Охрид – уништена е храна со поминат рок

40

Агенцијата за храна и ветеринарство, по граѓанска иницијатива за вонреден инспекциски надзор, спроведе контрола на скопско тобако при што се затекнати повеќе артикли храна со поминат рок, велат од АХВ.

По утврдениот прекршок е изречена парична казна за сопственикот, а инспекциските службеници издадоа решение за уништување на скоро два тона небезбедна храна, повлечена од неколку киосци.

Исто така, инспектори од АХВ направиле пронашле и уништиле 241 килограм небезбедна храна во битолски угостителски објект, каде што казни од 900 евра добиле операторот кој што ја пуштил храната во продажба и одговорно лице од објектот.

Во редовен испекциски надзор, пак, во Охрид е казнет маркет со глоба од 1400 евра за продавање на сувомеснати производи и мелено месо без декларација и со поминат рок. Казна добила и локарна месарница заради неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените.