ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, ќе мора повторно да...

Мицкоски: Ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, ќе мора повторно да помогнеме, но тоа не може да оди во недоглед

206

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема немо да набљудува доколку пропадне тендерот за набавка на нафта за Јавното сообраќајно претпријатие и дека повторно ќе интервенира, но дека тоа не може да оди во недоглед.

-Како Влада сигурно нема да седиме немо и да набљудуваме, но да дадеме шанса и да видиме денес-утре да не има некоја повторна набавка да не се предомислат некои од економските оператори. Ако не, ние ќе мораме повторно како Влада да помогнеме, со одредена позајмица да интервенираме за Јавното сообраќајно претпријатие, но тогаш се поставува прашањето до кога вака. Навистина треба да се поведе сметка отколку процесот на децентралзиација затоа што ако некој не може тоа да го прави, тогаш да интервенираме законски, барем да ги преземеме интегернциите и да ја стабилизараме состојбата, рече премиерот Мицкоски денес по прес-конференцијата во Владата.

Резервите на нафта што Владата ги отстапи од државните резерви за ден – два треба да се потрошат.