ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Земале спортска стипендија, а не се занимавале со спорт

Земале спортска стипендија, а не се занимавале со спорт

235

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денес додели петстоттини стипендии „Спортска надеж“. Овие талентирани млади спортисти од колективните и индивидуалните спортови ќе добиваат стипендија во вредност од 20% од просечната плата исплатена во претходната година. Списокот на добитниците не е објавен, иако министерот претходно објави дека кога ги проверувале списоците на досегашните допитници, имало такви што добивале веќе стипендија а не се занимавале со спорт воопшто.

-Ми претставува голема чест што можам да доделам финансиска помош на 500 дчиња, што ќе значи подобрување на нивниот развојот во спортот со кој се занимаваат. Ова е мал гест од Министерството за спорт и Влада, и затоа одлучивме да го направиме јавно со цел да им дадеме значење на децата и родителите. Едноставно да се даде важност на се што прават во спортот, без разлика дали се работи за индивидуален, колективен, олимписки или неолимписки спорт.

Можам да кажам и дека ќе продолжиме со оваа пракса во иднина и ќе се потрудиме да зголемиме помошта и овие деца да добијат поголема поддршка од државата. Ова е уште еден чекор со кој покажуваме дека се грижиме за младите и иднината, што е од големо значење за нас во промовирањето на здраво општество и градење на вистински вредности“, порача Ристевски.

Спортот, како и другите сфери, одамна е арена за политички гласови, а откако е така спортските резултати се се помизерни и има превирања во спортските клубови, што покажува дека или стипендиите се даваат по партиска линија, или се злоупотребуваат. Сепак, министерот тврдеше дека стипендиите се доделуваат по предлог од матичните федерации.

-Ова е само еден континуитет кој сакаме да го задржиме со федедерациите, нашиот односот да се заснова на резултати, доверба и нулта можност за корупција. Стипендијата е со важност од една година, но се надеваме дека идната година ќе биде поголема или пак може ќе успееме да направиме модел кој ќе даде подобри резултати. Ние веќе направивме прочистување на списокот на деца кои земаат стипендии, годинава 48 деца помалку добија стипендија, затоа што се покажа дека тие се фиктивно внесени во списоците и не се занимаваат со спорт, изјави Ристовски.