ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Тен Хаг: Не е добро, но мислам дека тоа не беше црвен...

Тен Хаг: Не е добро, но мислам дека тоа не беше црвен картон

30

Манчестер Јунајтед им приреди ново разочарување на своите фанови. Загуби дома од Тотенхем со 0-3, со што уште еднаш навивачите се во дилема дали треба одново да му се верува на Ерик тен Хаг.

Тој, пак, самиот кажа дека црвениот картон на Бруно Фернандеш од првиот дел имал големо влијание за поразот, но и дека е престрого досуден.

„Кога ќе се прими таков гол на почетокот, тоа влијае и на самодовербата. За првиот гол што да кажам? Стоперот да го помине целиот тим и да асистира на својот соиграч на втората статива е недозволиво. Од тој момент бевме под стрес. Имавме добри моменти, но тој гол како да не’ раздрма. Потоа дојде и црвениот картон за кој сметам дека е престрого досуден. Дефинитивно имаше влијание врз играта. Имавме шанси и пред полувремето, но имавме и со 10. Треба да се справиме со овој пораз. Ова денеска не беше добро. Мораме да го прифатиме тоа и да станеме подобри“, рече Тен Хаг.